Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе Одлука по пристигнато барање од РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961 за бројот на странски играчи да остане непроменет односно како и во тековната сезона 2021/22, информираат од РФМ.
Оттаму соопштуваат дека Управниот одбор го усвоил предметното барање и бројот на странски играчи ќе остане непроменет.
– За натпреварувачката сезона 2022/23 при системот на натпревари при РФМ бројот на странци ќе изнесува осум, од кои пет имаат обврска да се репрезентативци во своите национални селекции во било која категорија, а останатите три по произволен избор на клубовите од кои се ангажирани, стои во соопштението од РФМ.
Бројката на странци кои можеа да играат на еден натпревар од Суперлигата оваа сезона беше осум и требаше да се намали на шест. Сепак, РФМ го прифати барањето на двата најдобри клубови, со што бројката останува осум.