Јужнокорејскиот електронски гигант Самсунг Електроникс преговара со клиентите за да ги зголеми цените на чиповите оваа година за 20 отсто, јави Блумберг.

Многу производители на чипови сакаат да ги зголемат цените за да ги покријат зголемените трошоци за материјали и логистика, пишува Блумберг повикувајќи се на извори. Јужнокорејската компанија е вториот најголем производител на чипови во светот, по Taiwan Semiconductor Manufacturing (TSMC).

Самсунг при претставувањето на деловните резултати на крајот на април истакна дека побарувачката на големите клиенти е поголема од расположливите капацитети, оценувајќи дека состојбата нема да е подобри во догледно време.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2022 15:42