Ракометарите на битолски „Еурофарм Пелистер“ и скопски „Вардар 1961“ ја оправдаа фаворитската улога во полуфиналните пресметки на завршниот турнир во Македонскиот куп што се одржа во Кавадарци и ќе играат за трофејот во неделното финале.
Еурофарм Пелистер не дозволи изненадување и со 26-21 (16-9) го совлада Бутел во полуфиналето.
Пласман во финалето обезбеди и бранителот на трофејот Вардар со триумф над Еурофарм Пелистер 2 со 28-24.
На програмата денеска се двете полуфинални пресметки во женскиот ракометен куп меѓу ЖРК Куманово – ЖРК Металург (14 часот) и Ѓорче Петров ЖРК – ЖРК Чаир (17 часот).
Машкото финале ќе се игра в недела со почеток во 19:30 часот, а претходно од 17 часот е натпреварот за трофејот во женска конкуренција.