Екипите на ЖРК Металург и ЖРК Ѓорче Петров, денеска ќе се борат за трофејот од женскиот ракометен Куп на Македонија.
Со победите против ЖРК Куманово, односно ЖРК Чаир, екипите на ЖРК Металург и Ѓорче Петров ЖРК обезбедија финале во Купот на Македонија во женска конкуренција што се игра во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.
Финалниот натпревар ќе се одигра денеска со почеток од 17 часот.
Машкото финале помеѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра, исто така, денеска, со почеток во 19:30 часот.