Поради уличен водоводен дефект од ф100 милиметри на улица „Козара“ број 64 во скопската населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на оваа и на улицата „Васил Ѓоргов“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 11:00 часот, па се до отстранување на дефектот.