Денес заедно со градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска го пуштивме во употреба целосно урбанизираниот нов парк во населеното место Расадник кој беше изведен од страна ЈП Паркови и зеленило.
Граѓаните на општина Бутел добија нова зелена површина, нова зелена вегетација, нанесена е висококвалитетна почва, формиран е тревник со посебен систем за полевање капка по капка, а поставени се и хидранти и прскалки со што ќе се овозможи континуирано одржување на паркот.
Она што до пред само некој месец беше запуштено место, денес е нова урбано уредена површина.
Наскоро и фудбалското игралиште ќе биде пуштено во употреба кое ќе биде со специјална подлога за фудбал. Со тоа целиот овој потег ќе добие сосема нов лик!