Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје на улица Бутелска во населбата Радишани изградија пешачка патека која се наоѓа во средишниот дел на новиот парк. Патеката е со површина од 150м2 со должина од 96метри и широчина д 1,5метар.
Со цел зголемување на безбедноста на минувачите, како и на сите учесници во сообраќајот во близина на паркот е поставена и метална заштитна ограда со должина од 280 метри и 43 заштитни столбови.
Екипите ги извршија работите на овој објект по налог на Град Скопје и во соработка со ЈП Паркови и зеленило.