Универзитетот „Мајка Тереза“ денеска организираше „Отворен ден“ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, на кој беа промовирани студиски програми за матурантите од целата држава.

Ректорот на УМТ, Изет Зеќири пред присутните матуранти и професори посочи дека целта на овој настан е да им се помогне на матурантите кои завршиле средно образование полесно да создадат мислење врз основа на кое ќе одлучат што ќе студираат во иднина.

– Универзитетот „Мајка Тереза” е единствена јавна институција од високото образование на албански јазик во главниот град. Универзитетот брои 3000 студенти и од ова година ќе има свој простор од 50.000м2. Тука сум да ве поканам да им се приклучите на вашите 3000 врсници – студенти, затоа што само заедно сме најсилни, најобразовани и најпрогресивни, рече Зеќири.

Висар Ганиу, гадоначалникот на Општина Чаир, на чија територија ќе биде идниот кампус на УМТ, изјави дека овој Универзитет е висока образовна институција во склоп на кој функционираат пет факултети со 45 програмски студии.

– За кратко време успеавме да отвориме уште една врата за сите драги ученици да имаат можност да студираат на овој Универзитет. Овие отворени денови ќе овозможат да информираме за програмските студии и за факултетите. Секоја година овој Универзитет бележи прогрес, секоја година напредува и тука сите институции ќе бидат од помош за развојот на оваа високообразовна установа, рече Ганиу.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2022 12:54