Следната недела на територија на општина Гази Баба започнува со реализација големата акција за асфалтирање на над 30 локални улици.

Акцијата со објава на својата официјална фејсбук страна ја најави, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски кој напиша:

Ќе се асфалтираат над 30 локални улици.

Следната недела започнува големата акција за асфалтирање на над 30 локални улици на територија на општина Гази Баба.

38.800.000 денари како никогаш досега во само една година се одвојуваат од буџетот на општина Гази Баба за реконструкција и рехабилитација на локални улици.

Ќе се асфалтираат локални улици во Инџиково, Ченто, Јурумлери и сите останати населени места.

Се работи по план и програма. Средствата од буџетот се трошат за реализација на проекти во интерес на граѓаните.

Следува период на реализација на голем број на проекти - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2022 04:16