Леталото „Војаџер 1“, лансирано од американската вселенска агенција НАСА пред 45 години, има проблем кој сѐ уште е мистерија за стручниот тим на Земјата.

Уредот сѐ уште ја извршува својата мисија и покрај староста и оддалеченоста од Земјата од 23,3 милијарди километри… И натаму прима и извршува команди испратени од НАСА, а собира и испраќа научни податоци. Сепак, читањата на системот за артикулација на далечината и контролниот систем за ориентацијата на вселенското летало не се совпаѓаат со она што моментно го прави „Војаџер 1“. Се работи за сигурносниот мод на леталото којшто се вклучил непредизвикан со ништо.

Системот, познат и како ААЦС, служи за антената на сондата да остане насочена кон Земјата. Поради растојанието, на сигналот му се потребни 20 часа и 33 минути за да стигне до НАСА, така што повикот и одговорот на една порака трае два дена.

Во нововклучениот режим, се вршат само најважните операции за инженерите да можат да дијагностицираат проблем што би ја ставил сондата во опасност.

Интересно е што сигналот на Војаџер е силен како порано, што значи дека неговата антена е насочена кон Земјата. Тимот се обидува да утврди дали овие неточни податоци доаѓаат директно од инструментот или се предизвикани од друг систем.

– Додека подобро не се разбере природата на проблемот, тимот не може да знае дали тоа ќе влијае на сондата и уште колку долго таа ќе може да собира и испраќа податоци. Оваа мистерија е некако вообичаена во оваа фаза од мисијата, појасни Сузан Дод, проект-менаџерka на „Војаџер 1“ и „2“ во лабораторијата за млазен погон на НАСА во Пасадена, Калифорнија, САД.

Таа потсети дека двете вселенски летала се стари 45 години, што е многу повеќе отколку што очекуваше планерот на мисијата.

– Исто така, тие сега се во меѓуѕвездениот простор, средина со висока радијација каде што немало летало. Значи, има големи предизвици за инженерскиот тим, но тие ќе најде решение за овој проблем доколку постои, додаде таа.

И „Војаџер 2“ продолжува да функционира нормално во меѓуѕвездениот простор и, оддалечен е 19,5 милијарди километри од Земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2022 12:34