Во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓанитете општина Илинден ја продолжува досегашната успешна соработка со бизнис сектортот во повеќе области на општественото живеење.

Како оопштествено одговорни компании Сава осигурување а.д. Скопје и Сава пензиско друштво а.д. Скопје, со своите вработени учествуваа во акцијата за засадување на повеќе садници во местото Плац, во населба Илинден. Притоа, во рамките на нивната донација поставени се нова табла со кош и рефлектори на игралиштето за баскет, детски реквизити, поставена е урбана опрема, а извршено е и бојадисување на двата трансформатора во близина, како и на постоечката маса и клупи до игралиштето.

Заедно со претставниците на овие две општествено одговорни компании, садници засади и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.

Притоа, градоначалникот Георгиевски им се заблагодари на претставниците на Сава осигурување а.д. Скопје и Сава пензиско друштво а.д. Скопје за нивната поддршка, изразувајќи надеж дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина.

Оваа донација е продолжување на низата успешни проекти кои досега се реализираа како резултат на соработката меѓу бизнис секторот и општина Илинден.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2022 13:09