Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во рамките на големата пролетна акција во општина Ѓорче Петров денес ги санираа оштетувањата во асфалтот на улицата Алексо Демниевски во површина од 20 метри квадратни.

Одговорните екипи за одржување на сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници во текот на изминатата ноќ обележаа четири автобуски постојки на улицата Ѓорче Петров спроти СП Планет и на булеварот Партизански Одреди спроти пазарчето во општина Ѓорче Петров.

По налог на Град Скопје екипите продолжуваат со извршување на останатите активности на улиците и булеварите во општина Ѓорче Петров кои се предвидени во работната акција во оваа општина.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2022 14:21