Португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте потпиша договор со актуелниот македонски првак Вардар.
Тој игра на позицијата лев бек а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.
Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар.
Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола.
Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).