Денес во стрелиштето во Камник се оддржа 16иот Меѓународен турнир Град При Скопје во стрелање на кој општина Гази Баба беше домаќин и покровител.
Турнирот е во организација на Македонската спортска стрелачка федерација.
На отворањето на турнирот се обрати градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.
За отворањето на турнирот градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Се одржа 16ти Меѓународен турнир Гранд При Скопје во стрелање. Утрово имав чест да го отворам Меѓународниот турнир Гранд При Скопје во стрелање на кој општина Гази Баба беше домаќин и покровител.
Турнирот е во организација на Македонската спортска стелачка федерација и на истиот покрај учесници од Македонија се натпреваруваат учесници и од Србија, Бугарија, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција, Косово и други држави. Овој турнир во себе содржи едукативен карактер со кој испраќаме силна порака дека оружјето треба да се користи за спортско рекреативни цели.
Натпреварувачите се натпреваруваат во стрелање со пиштол, револвер, пушка, снајперска ловна пушка и снајперска тактичка полуавтоматска пушка.
Оваа година општина Гази Баба е партнер во организација на голем број на спортски настани и активности во сите категории на спорт. - напиша Стефковски.