Денес во просториите на Амбасадата на Република Словенија во Скопје се оддржа средба помеѓу градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Н.Е Милан Предан.

На средбата присуствуваа и преставници на Земјоделскиот институт од Скопје.

За средбата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Денес, остварив средба со Н.Е. Милан Предан, Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија.

На средбата присуствуваа и претставници од Земјоделски Институт – УКИМ Скопје, дирекорот проф. д-р Виктор Ѓамовски и проф. д-р Марија Ковачевиќ.

Ја презентиравме стратешката иницијатива на Општина Гази Баба и Земјоделскиот Институт за основање на Иновативен Центар на скопскиот плански регион.

Побаравме поддршка од Амбасадорот Милан Предан да помогне во поврзувањето со слични такви институции во Словенија, а со цел размена на искуства и најдобри практики во функцонирањето на таква институција.

Се разговараше и за можноста Општина Гази Баба да се збратими со општини во Република Словенија, со цел културна, економска и образовна соработка, како и подготовка и аплицирање на проекти во европските фондови.

Од друга страна, Земјоделскиот Институт побара поддршка од Амбасадорот за поврзување со градот Марибор и Институтот за земјоделие со седиште во Марибор, за научна и проектна соработка од сферата на smart земјоделие и агротуризмот.

На средбата се договори и заедничка еколошка акција за чистење на парк шумата Гази Баба, а со вклучување на општина Гази Баба и учениците од ОУ во Гази Баба, Земјоделски Институт со својот персонал, како и Амбасадата на Република Словенија предводена од Н.Е. Милан Предан Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија. - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2022 14:22