По пријава на граѓани вчеравечер до МВР дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштен објект, екипи на ЗОО Скопје заедно со директорот Кристијан Стаменов, полиција и инспектор на АХВ излегоа на терен и го спасија коњчето, кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода.

Доцна вечерта коњот беше пренесен и згрижен во Скопје ЗОО каде што веднаш му беше обезбедена ветеринарна грижа и соодветна нега.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2022 14:50