Во рамки на подобрување на локалната патна инфраструктура Општина Илинден интензивно работи на изградба на нова, како и подобрување на постоечката патна инфраструктура.

Во моментот интензивно се работи на санација на неколку улици. Во Мралино извршена е санација на улица ,,4” во должина од 350 м, во Илинден на улица ,,7” во должина од 300 м, два крака на улица ,,1” во Кадино во должина од 150 м, крак на улица ,,10” во Миладиновци во должина од 220 метри, како и улица во Бунарџик во должина од 300 метри. Покрај санација на улиците извршено е поставување на банкини на улица ,,8” во населените места Миладиновци и Мршевци.

Покрај санацијата на локалните улици, се работи и на поставување на оптичка кабелска мрежа во населено место Илинден во која ќе бидат опфатени граѓаните од улица ,,2”, дел од улица ,,9” и локалната економска зона Ограѓа.

Изградбата и реконструкцијата на локалната патна инфраструктура останува еден од приоритетите на локалната самоуправа и во наредниот период.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2022 16:00