Во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, денеска традиционално беше организирана манифестацијата „Цртање на асфалт“, којашто се одржа на Плочник, зад Соборниот храм.

„Цртање на асфалт“ е манифестација што ја организира ЈУ Детски културен центар „Карпош“, а учество зедоа децата од скопските градинки и околината.

ДКЦ „Карпош обезбеди материјал за цртање, а најмалите со својата креативност, игра и песни го обоија Плочникот во сите бои.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2022 01:41