Македонскиот ракометен шампион Вардар денес објави за ангажман на рускиот интернационалец Павел Андреев кој доаѓа од тимот на Чеховски Медведи.

Дваесет и деветгодишниот од 2006 година е дел од тимот на повеќекратниот шампион на Русија, а од 2014 игра во првиот тим. Зад себе има и настапи за репрезентацијата на Русија на последните две големи натпреварувања – ЕП 2020 и на СП 2021.

Со ангажирањето на Андреев одбраната на Вардар треба да биде подеднакво цврста како и досега, и тоа е играч што настапува во два правци, и во напад и во одбрана.

Во сезоната 2019/20 беше избран за најдобар дефанзивец во руската Суперлига, а со Чеховски Медведи досега има освоено седум шампионски титули, четири во Купот на Русија и седум во Суперкупот.

Андреев е четвртото засилување за Вардар, по десниот бек Цехте, средниот бек Анѓелиќ и левиот бек Дуарте.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2022 12:44