Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, деновиве интензивно работат на изградба на рампа за пристап на лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај.

Пристапната рампа е поставена паралелно со скалите. Во тек се подготовките за бетонирање.

Со изградбата на оваа рампа ќе се овозможи полесен пристап до мостот во Сарај за сите граѓани, за лицата со потешкотии во движењето, за родителите со мали деца, велосипедистите и за рекреативците. Изградбата на рампата се очекува да заврши до крајот на месецов.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2022 13:11