Асоцијацијата на здруженија на одбраната, безбедноста и меѓународните односи денеска ќе организира изложба насловена „Цвеќе на мирот” од авторот Живко Поповски Цветин, по повод 30-годишнината на Армијата на Македонија.

Изложбата ќе биде отворена во Домот на Амијата и ќе трае до 31 мај.

Како што е најавено, во недела, 29 мај, изложбата ќе ја посетат и претставници на гардата на Кралството Норвешка, а на 31 мај ќе ја посетат и претставници на генералштабот на АРМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2022 08:56