{photo]

На 28.05.2022 (Сабота) со почеток во 20:00 часот во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци “ Струга, драмското студио „Миладин“ од Струга премиерно ќе ја одигра детската претстава - бајка „Хајди“.

Претставата е по драматизација и во режија на Ристе Миладинов долгогодишен струшки режисер и актер и директен потомок на Браќата Миладиновци, а претставата е во изведба на помладата група на драмското студио „Миладин“.

Улогите ги толкуваат: Хајди – Матеја Миладинова, Дедото – Милан Блажески, Дета – Дафина Дејкоска, Мина – Адријана Клечкароска, Петре – Христо Дејкоски, Бабата – Бранкица Петковска, Клара – Емилија Спасеска, Таткото – Даниел Спироски, Гувернантата – Михаела Касниоска, Силва – Анастасија Дејкоска, Нараторот – Даниел Шикоски.

Цената на влезниците е по симболична цена од 80 денари.


„Хајди“ во изведба на драмското студио „Миладин“ од Струга

Драмското студио „Миладин“ е формирано во 2008 година и веќе 14 години успешно ја врши својата мисија, а тоа е забава и културно збогатување на струшката публика како и афирмација на Струга како еден од најпознатите градови лулки на културата. Драмското студио работи со две групи, од кои едната возрасна , а другата детска.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2022 12:27