Во рамки на филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“, караванот „Џифони патува“ денеска и утре ќе се одржува во Центарот за култура во Дебар, на кој ќе учествуваат учениците од дебарската гимназија, а на 2 и 3 јуни ќе продолжи во Културно-информативниот центар „Романса“ во Македонска Каменица.

Како што е најавено, следната недела, на 9 и 10 јуни, фестивалот ќе продолжи во Домот на културата „Лазар Софијанов” во Кратово.

Под името „Џифони патува“ овој подвижен фестивал во изминатите години се одржа во 19 општини, а за оваа година се планирани пет општини.

Од „Џифони Македонија“ соопштија дека филмската програма е намената за учениците од основни и средните училишта и предвидува дводневни активности со прикажување на европски филмови наменети за младата публика, кои опфаќаат теми што ја засегаат младата генерација.

По филмските проекции ќе бидат проследени со дискусии, а потоа на една од трите понудени креативни работилници, младите ќе ја поттикнуваат својата креативнот и ќе се забавуваат.

Проектот „Џифони патува“ (Giffoni on Tour) е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, Делегацијата на ЕУ во Скопје и општините Дебар, Македонска Каменица и Кратово, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2022 11:38