Во Македонскиот народен театар вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи премиера на драмскиот текст Марта Верина од Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ, а во копродукција помеѓу Перипетија продукција и МНТ и во соработка со Фондација „Ацо Шопов“.
Марта Верина е приказна за жена која поради своите „погрешни“ избори не му припаѓа на општеството и мора да живее со товарот на „грешката“ која ја направила. Претставата која е инспирирана од поезијата на Ацо Шопов, отвора прашања за стигматизацијата во општеството и ги истражува меѓучовечките односи и влијанието на родителските постапки врз децата.
Во претставата играат Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселонов, Билјана Драгиќевиќ-Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софија Насевска-Трифуновска и Саша Ханџиќ.
Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Ивана Каранфиловски Угуровска, музиката на Оливер Митковски и Андреја Салпе, а дизајнот на постерот на Сара Митова.
Како дел од проектот е објавена и книга чија промоција ќе биде одржана во склоп на премиерната изведба на претставата