Со доделување награди и дипломи за најдобрите учесници, во Битола заврши 41. меѓународна детска ликовна колнија „Мал битолски Монмартр“.
Во изминатите седум дена, во Битола, Охрид и битолското населено место Буково, учествуваа 60 деца од 14 европски држави кои ја сликаа старата архитектура и други мотиви од ова поднебје и изработија 200 слики, истакна Елена Хаџи Антоновска, организатор на меѓународната ликовна колонија во Битола.
Според востановената традиција, за културниот настан, детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола беше поддржано од Министерството за култура, Општина Битола и бизнис секторот.