Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците на улиците „Боца Иванова” и „Бутелска”.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на приклучна цевка на улица „Боца Иванова” без број до „Спектартермо”.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2022 10:51