Прекин во водоснабдување утре од 8:30 часот ќе имаат корисниците од булеварот „Партизански Одреди”, односно потегот од бензинската пумпа „Окта” до ул. „Манапо”.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на булеварот „Партизански Одреди” бр.70а.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.