Без вода утре од 20 часот ќе бидат корисниците од скопските населби Бутел и Радишани.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, причината за прекинот на водоснабдувањето е интервенција на електро-моторен погон број 5 во ПС Бутел.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до петок, 3 јуни, до 6 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2022 11:44