Корисниците на улиците „Јустинијан Први“, „Сердарот“, „Партизански Пат“ и дел од „Речиште“ во Драчево денеска ќе бидат без вода, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето, како што се додава во соопштението, е поради дефект на пп хидрант ф-80 мм на крстосницата „Јустинијан Први“/„Партизански Пат“, и ќе трае до завршување со санација на дефектот.