Повеќе улици во Кисела Вода денеска ќе бидат без вода, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улица „Марко Цепенков“ 11, а прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Марко Цепенков, „Вера Јоциќ“, „Иван Козаров“, „Киро Крстевски“, „Божидар Аџија“, „Боте Боцевски“, „Георги Димитров“ и „Тоне Томшиќ“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2022 10:47