Исхраната е еден од најважните аспекти за одржување добро здравје. А, за оние што внимаваат на „летната линија“, но и за да се избегне дебелеење, стручњаците препорачуваат повеќе намирници во коишто може да се ужива „без никакво каење“, при редовно вежбање.

Лубеницата може да се консумира секогаш и во речииси неограничени количини. Богата е со вода и го помага варењето, како и согорувањето на калориите. Покрај тоа, таа го подобрува и квалитетот на кожата. По правило, се препорачуваат една до две порции овошје дневно. Тоа може да се јаде свежо, но и во облик на „смути“.

Салатите од зеленчук го држат нивото на шеќер во крвта под контрола и ја задржуваат ситоста. Зелката, спанаќот, брокулата и карфиолот се добро познати сојузници против вишокот килограми. Тие се богати со хранливи материи, а се многу здрави.

Семките од тиква и сончоглед се полни со хранливи материи. Може да се јадат со појадокот или вечерата, а се одличен додаток и во разни салати, овес или смути. Тие се нискокалорични и добар извор на здрави масти и микронутриенти, па може да се земаат секој ден. А, и ја задржуваат ситоста, исто така.

Пуканките исто така, не дебелеат, освен ако не се додава премногу путер и многу сол на нив. Немаат многу калории, но имаат висок процент на влакна, го потиснуваат апетитот, па и тие така го зајакнуваат чувството на ситост повеќе од други популарни грицки.

Житарките сите се прилично здрави, но тука би го истакнале амарантот, што е без глутен, нискокалоричен е, одличен извор на железо и калциум и може да се консумира секојдневно.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2022 12:04