Општина Центар соопшти дека со маалските полициски службеници се враќа и спокојот на граѓаните во Центар и дека непосредното физичко присуство на униформирани лица, меѓусебната комуникација и размената на информации довело до намалување на прекршоци од областа на јавниот ред и мир и намалување на извршени кривични дела во овој дел од централното градско подрачје.

За влијанието на полициските службеници во населбите пред граѓаните кои живеат околу ООУ „Кочо Рацин" на Водно, вчера доцна попладне разговараа претставници од Општина Центар и позорникарите кои ќе патролираат во овој реон.

На денешната средба позорникарите им порачаа на граѓаните на Водно да ги практикуваат нивните совети за заштита на домовите од кражби и апелираа до нив доколку приметат нешто сомнително да го пријават истото на телефонскиот број 192, се вели во соопштението.

Од општината посочуваат дека овие средби со граѓаните на кои секогаш присуствуваат и претставници на МВР се прават со цел жителите во населбите да ги запознаат полициските службеници кои ќе патролираат и ќе ги заштитуваат нивните животи и имоти.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2022 15:42