При пожар во дом за лица со Алцхајмерова болест во близина на Прага, загинаа две лица, а над 50 се повредени, соопшти чешката Брза помош.

Двајца пациенти на домот во Розтоки, северно од Прага, се во критична состојба. Други двајца се потешко повредени, а 51 лице поминало со полесни повреди.

Пожарот избувнал во текот на вчерашниот ден, а утрово пожарникарите сè уште биле на местото на несреќата.

Околу 100 пожарникари биле испратени да го гаснат пожарот и да евакуираат лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2022 19:54