Британскиот министер за одбрана Бен Валас најави дека Обединетото Кралство ќе испрати ракетни системи во Украина.

Тој додаде дека Велика Британија ќе испрати лансери М270, што ќе можат да погодат цели до 80 километри.

– Како што се менуваат руските тактики, така мора да се менува и нашата поддршка за Украина. Овие високо способни ракетни системи за повеќекратно лансирање ќе обезбедат подобра одбрана од руската артилерија со долг дострел, посочи Валас.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2022 19:54