Во Галеријата при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци денеска ќе биде промовирана книгата „Денот на црвот“ од Симона Јовановска, добитник на наградата Роман на годината за 2021, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
За наградениот роман ќе зборуваат промоторката Ноне Ноциќ, претседателот на Фондацијата „Славко Јаневски“, новинарот Ѕвездан Георгиевски, претставник на издавачката куќа „Или – Или“, како и авторката Симона Јованоска.
На самата промоција ќе бидат достапни по симболична цена примероци од романот со посвета од авторката.