Mузичарот Костадин Коце Икононов, гитарист на култните македонски групи „Безимени“ , „Бис-Без“ и „Мањифико“ и долгогодишен член на Ревискиот оркестар на МРТ, почина вчера во Скопје по кусо боледување на 78-годишна возраст.
Коце Икономов важи за еден од основоположниците на македонската рок сцена.
Роден е во 1946, музиката ја засакал од мал, па по завршувањето на основното училиште се запишал во средно музичко училиште. Студирал медицина, но никогаш не работел како лекар.
Беше гитарист и клавијатурист во групите „Безимени“ и „Бисери“ од кои подоцна настана групата „Бис-Без“, и е еден од основачите на оваа група. Тој беше и еден од вокалите и гитарист на групата „Мањифико“.
Коце Икономов му е чичко на Апостол Икономов – Поце, пејачот на групата „Меморија“