Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје соопшти дека неколку улици во скопската населба Маџари денеска ќе имаат прекин на водоснабдување поради уличен дефект на ул. „Карл Хрон“ 13.

– Ве известуваме дека на ден 03.06.2022 поради уличен дефект ф-5/4 на Карл Хрон 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Карл Хрон, Карл Либнехт, Анри Барбис, Модест Мусоргски и Темко Попов.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:20 часот до завршување со санација на дефектот, информираат од претпријатието.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2022 11:03