Кога станува збор за интернет-трендовите, Тик-ток полека станува главен извор и за доста корисни совети. Овојпат се работи за вежбата 12-3-30, или 12-5-30, на лента за трчање.

Рутината е обмислена од познатата фитнес-ентузијастка Лорен Жиралдо, па предизвикот веќе има милиони прегледи и е сѐ попопуларен во светот на вежбањето. А, поради својата едноставност, оваа рутина е лесна и за почетници. Замислата е следна: лентата се постававува на 12 отсто наклон, со брзина од околу 5 километри на час (три милји, според американските стандарди) и, следи пешачење од 30 минути.

Сепак, Лорен ги предупредува сите кои имаат некаква болка, проблеми со колкот или колената, дека е подобро да избегнуваат ваков вид тренинзи.

Наместо трчање, овој тренинг вклучува одење угоре, за кое се покажа дека има бројни придобивки, како што се забрзано слабеење и затегнување на задникот и листовите долу. Во споредба со трчањето, овој тип на тренинг помалку ги оптоварува зглобовите.

Од друга страна, стручњаците сметаат дека тренингот 12-5-30 не треба да биде единствениот начин на вежбање. Лорен објаснува дека во „идеални услови“, поединецот треба да вклучи и тренинзи со тегови, истегнување и кардио-тренинзи во својата рутина за вежбање и секој вид вежби да го изведува трипати неделно.

Одењето на лента може да се замени и со одење во природа, на падина, рид или каква било стрмнина близу вас, според неа. Тоа секако ќе помогне при структурирањето на седмицата и подобро и поточно постигнување на целите.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2022 13:11