На сцената во театарот „Солзи и смеа“ во Софија е изведена претставата „Драма изгубена во времето“ од македонскиот драматург Сашко Насев, во режија на Владлен Александров, јави дописникот на МИА од Софија.
Во претставата играат ѕвездите од Кумановскиот театар Кети Дончевска – Илиќ и Горан Илиќ.
Претставата е посветена на лекарите, сестрите, болничаритре и останатиот медицински персонал, кои несебично се вложија во борбата против пандемијата. Во драмата се сублимирани теми за животот и смртта, човекот како единка, уметникот и актерот во сооднос со љубовта.
Со многу хумор, размислувања и овации, публиката ја проследи претставата на Кумановскиот театар во Софија, во која имаше претставници на бугарската културна елита, дипломати и јавни личности.