Со УСАИД, Американската агенција за меѓународен развој, градиме просперитетна иднина базирана на доверба и партнерски односи во повеќе сегменти на зајакнување на демократските капацитети на земјата. Овие базични принципи на соработката ги потврдивме на средбата со Ерин Мекки од Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот, за време на престојот во Вашингтон, по завршувањето на Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
-Владата на САД, преку УСАИД дава финансиска поддршка за зајакнување на демократските процеси и институциите во Македонија преку договорите за стратегиски цели, развојна соработка или грантови за партнерство, се наведува во соопштението од Министерството за култура.
На средбата, како што е посочено, станало збор за резултатите кои досега се постигнати во насока на забрзан раст и развој на приватниот сектор, поголема вклученост на информирани граѓани, кохезија во општетството.
-На средбата се зборуваше за потребата од засилување на заложбите во натамошното спроведување на договорите за помош од УСАИД, особено во поддршката на младите во општеството. Потребата од зајакнување на економските можности за младите во градење на нивните просоцијални капацитети, поддршка на креативноста, вклучување во културните политики. И во наредните години остануваме насочени кон ефективно остварување на развојните проекции поставени во соработката со УСАИД со цел Македонија и натаму да гради демократски капацитети и да го засилува сопствениот развој во евроинтеграциските процеси, се истакнува во соопштението.