Велешката популарна женска група „Д чикс“ синоќа на сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк го одржа својот прв концерт насловен „Travelers”, на кој изведоа само авторска музика.

Музика и aранжман е на Александар Чекреџи – Чекре, текстот на „Д чикс“ и Александар Ристовски-Принц, а микс мастеринг на Златко Симионски – продукција „Зеле ДоРеМи“. Настанот беше поддржан од Општина Велес.

Групата „Д Чикс“ е формирана во 2016 година и досега има учествувано на манифестации и хуманитарни забави во Велес и во повеќе градови во земјава.

Групата ја сочинуваат Сандра Јордановска, дипломиран правник, Моника Георгиева, дипломиран лекар и Наталија Мејанџиева, дипломиран економист.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2022 12:04