ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните наград Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водатаза пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 30.05.2022 до 03.06.2022 зема 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во град Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).