Конзерватори од националната установа Завод и музеј – Охрид работат на санација на оштетувањата на праисториските куќи од локалитетот Плоча – Миќов град во Заливот на коските кај Градиште.

– Во наредниот период ќе се работи на поправки на оштетените делови, односно на подовите и ѕидовите од праисториските куќи. При посетата на музејот, самите посетители ќе имаат можност одблиску да се запознаат и со изведувањето на конзервацијата на куќичките, соопшти Завод и музеј – Охрид.

Конзерваторските активности, како што е наведено, се реализираат под раководство на Ванчо Димоски.

Tековнотo одржување на локалитетот е во наскока на обезбедување подобри услови за сите посетители и поголема безбедност.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2022 13:49