Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечер ќе се одржи промоција на книгата „Денот на црвот“ од Симона Јованоска.
За романот ќе зборува Наташа Абрашева – Нациќ а делови од романот ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Модератор ќе биде Братислав Ташковски.
Романот е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ од Скопје.
Симона Јованоска е родена во 1985 година во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг. Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“ а во 2019 година добива второ место на конкурсот на дневниот весник „Нова Македонија“ за расказот „Последниот кат“.