Изложба на стрипови „Цртање приказни“ од седум автори – Иванка Апостолова, Гаја Смилевска, Матеј Богдановски, Вук Митевски, Иван Ивановски, Владимир Лукаш и Ѓорѓе Јовановиќ ќе биде отворена од денеска до 16 јуни во Галеријата на МКЦ во Скопје.

Изложбата прикажува стрипови на седум автори од повеќе генерации, со особен фокус на нивните стрип-дела работени по мотивите на современи македонски писатели или во комплетно авторство (цртеж и текст) на авторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2022 09:32