По успешниот настап во Созопол, Трио Академико ќе се претстави во Бугарија со уште еден концерт, во КИЦ на Република Македонија во Софија.

Со почеток од 18:30 часот Златка Митева на флејта, Бранко Павловски на кларинет и Наташа Трбојевиќ на пијано ќе исполнат дела од Ерик Евазен, Ернесто Кавалини, Марјан Јанковки, Луиџи Занинели, Флоран Шмит и Камиј Сен-Санс.

Настанот е дел од Годишната програма на КИЦ на РСМ во Софија и е потпомогнат од Министерството за култура на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2022 10:19