Во рамки на 12. Филозофски филмски фестивал денеска ќе се одржи промоција на зборникот „Филозофија и филм“ (“Philosophy and Film”, Conference Proceedings). Зборникот произлегува од Првата интернационална конференција „Филозофија и филм“ одржана на 25 мај 2021 година во рамки на 11. Филозофски филмски фестивал.
Зборникот е на англиски јазик, а воедно претставува второ издание од едицијата „Филмософија“ на Филозофското друштво на Македонија.
– Во зборникот се поместени текстови од 12 автори од цела Европа коишто пишуваат на различни теми од областа на филм-философијата: Сердар Озтурк (Турција), Сенка Анастасова (Македонија/САД), Доминик Шато (Франција), Дамир Смиљаниќ (Србија), Георгиос Арабаѕис и Евангелос Протопападакис (Грција), Дарко Штрајн (Словенија), Џон О’Меларка (Ирска/В. Британија), Наил Кенеди (В. Британија), Тијана Петковска, Бошко Караџов, Сашо Кокаланов (Македонија) и Слава Јанакиева (Бугарија). Содржината на зборникот е дадена како прилог на оваа порака, информираат од Филозофско друштво на Македонија.
Промотор на зборникот ќе биде филозофот Ернесто Хередеро дел Кампо, заменик амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје. Издавањето на зборникот е поддржано од Министерството за култура.