[photo]
На вториот ден од Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ кој се одржува во МКЦ, за вечер со почеток во 18 часот е најавена работилница на тема „Заробени реки” под водство на Доротеј Нешовски.
Како што информираат од „Shadow Puppet Theater Shadows and Clouds“, на работилницата преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки, децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Потоа со почеток од 19:30 часот вторпат во Скопје гостува театарот „Le Studio“ од Србија со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Денот ќе биде заокружен со изведбата на ликвид перформансот „Флудо” на платото пред МКЦ во 20:15 часот од страна на Театар „Сенки и облаци”.
Последната фестивалска вечер ќе започне во 18 часот со работилницата на Караѓоз мајсторот Џемал Фатих Полат од Турција, каде децата ќе имаат уникатна можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз кукли за сенки стари над 650 години. Фестивалската вечер ќе биде заокружена со премиерната изведба на претставата „Колку е часот“ во 19:00 часот од страна на организаторот на фестивалот Театар „Сенки и облаци”. Интересна приказна за Старо Купувам, девојчето Сара и еден старински часовник кој пак чука во некое си чудно време, два пати тик, еднаш так! Чие ли време покажува тој? За да дознае, Сара заминува на незамислива авантура, а по пат ќе си најде новo другарче.
Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, “Сонот на облачето” успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика.
Организатор на фестивалот е Театар „Сенки и облаци“, кој со поддршка од Министерството за култура на С.Р.М., Градот Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно информативен ценатр СПОНА и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје ќе ѝ овозможат на најмладата публика да ужива во несекојдневните спектакли со сенки.
Учеството на работилниците е бесплатно со задолжително претходно пријавување. Билетите се во продажба на билетарницата на МКЦ по цена од 250 денари, како и онлајн