Со концерт на ученици под менторство на професор м-р Елена Трајанова, Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево вечерва ќе го одбележи Денот на културата.
-По успешниот настап во јануари вечерва околу 17 ученици на различна возраст ќе се претстават со она што го научиле досега во рамки на заедничките часови со проф. м-р Елена Трајанова. Сметавме дека нема поголем повод од Денот на културата за да тие се претстават пред пошироката публика, се вели во поканата на организаторот.
Од Националната установа Центар за култура „Н.Ј. Вапцаров“, упатија повик до сите љубители на музиката да го посетат настанот и да уживаат во концертот на идните музички таленти.
Настанот ќе започне во 20:00 часот во киносалата во Делчево.