Во мултимедијалниот центар Матица ексклузив од Скопје, на 8 јуни (среда) во 12 часот ќе биде промоворана книгата „Европа – слепо црево на познатиот свет“ од проф. д-р Стефан Влахов- Мицов. За најновото дело на истакнатиот научник ќе говорат д-р Ѓорѓи Малковски и писателот Ефтим Клетников.

Во книгава се прави паралела меѓу слепите црева во човечкиот биолошки и во човечкиот општествен организам. Цел е да покаже како е замислен и реализиран проектот „Слепо црево“, зошто Европа била избрана за таков експеримент и на кој начин тоа географско (во однос на останатиот свет) слепо црево, се исполнува со штетна содржина. Ова во последните неколку векови ја зафати речиси целата цивилизација на Земјината топка. Основата на таа штетна содржина е целосно деградираната европска психа, која создаде цивилизациски перитонитис со сѐ помали шанси за спас на „сапиенсот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2022 10:58